Паје постави неверојатен рекорд во Лига 1

165

Марсеј изгуби во дуелот со Ајачио со 1:2 во 10.коло во најсилната француска лига. Стрелец на голот за екипата од „Велодром“ беше Димитри Паје од пенал, кој беше гол за водство. Но Марсеј изненадувачки го впиша првиот пораз сезонава.
А со тој погодок Паје постави неверојатен рекорд кој тешко дека ќе биде урнат во блиска иднина. Тој е првиот фудбалер во историјата на Лига 1 кој постигнал 100+ голови и асистенции. Поточно, неговиот ефект е следниов: 476 натпревари, 100 гола и 112 асистенции.

ПретходноРоналдо и Ентони за нова победа на Манчестер Ј. (ВИДЕО)
СледноРома се намачи за трите бода против Лече