Петров и Митревски последни во стројот!

186

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално ја стартува мисијата пласман на ЕП 2024 година. Предводникот на „црвено-жолтите“, Кирил Лазаров повика 21 ракометар, за првпат во составот ќе ги нема Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, како и поранешниот капитен.

Денешниот собир ќе ги пропуштатр Костадин Петров и Никола Митревски, кои на тимот ќе се прилучат вечерва, двајцата патуваат од странство.

Македонија на стартот на квалификациите ќе ги одмери силите со Луксембург на домашен терен на 12 октомври, додека четири дена подоцна ќе и гостува на Турција во Ван.

Во група со Македонија е уште и селекцијата на Португалија, првите трипласирани селекции ќе обезбедат место на континенталниот собир за две години.

ПретходноМанчини: Македонија? Тоа се тие мечеви кои мора да се одиграат максимално!
СледноЃоковиќ најдобар во Астана, стигна до 90. трофеј во кариерата