Попладнево од 14 часот се играат четири натпревари од 10.коло во ПМФЛ. Вчера во Кавадарци Тиквеш просто ја растури Македонија ЃП и во пресрет на денешните мечеви го запоседна второто место. Лидерот Струга ТЛ е слободен, па така во центарот на вниманието е дуелот во Струмица, каде А. Пандев го дочекува Шкупи. “Пандевци“ се во серија од три порази по ред во првенството, затоа денеска ќе мораат по секоја цена да ги освојат трите бода. А и Шкупи не може да се пофали со којзнае каква форма.
Шкендија под Шара ја дочекува Брегалница. Тетовци се во одлична форма, со доаѓањето на Ќато Османи тимот игра како што треба, и затоа на “сините“ ќе им биде многу тешко, пеколно тешко да дојдат барем до бод.
На Автокоманда скопско дерби. Скопје го дочекува Работнички кој полека покажува знаци на “будење“, во секој случај интересен и крајно неизвесен меч може да се очекува од двете скопски екипи.
И во Кратово тимот на Силекс е голем фаворит против Победа. Четата на стратегот Горазд Михаилов ако одигра како што знае и може тогаш би требало да дојде до трите бода и да ја врати втората позиција на табелата.
ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – ПОБЕДА
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ
ВЧЕРА:
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:0
СТРУГА ТЛ (СЛОБОДНА)
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 25, Тиквеш 16, Силекс 15, Шкендија 15, Шкупи 12, Брегалница 11, Работнички 10, Македонија ЃП 9, А.Пандев 7, Победа 4, Скопје 4