Македонската ракометна репрезентација на првиот квалификациски натпревар против Луксембург за пласман на Европското првенство 2024 година ќе биде ослабена за Дејан Манасков.
Еден од поискусните имиња во нашиот најдобар национален состав поради повреда ќе биде поштеден за првата средба која е закажана за 12 октомври, додека пак лекарскиот тим ќе се обиде да направи напори тој да помогне на средбата со Турција, која е закажана за 16. овој месец во Ван.
Селекторот, Кирил Лазаров на денешниот собир откри дека Манасков добил удар во ребрата на дуелот против Охрид, повреда која мора да се третира и не смее да се ризикува. Тој ќе биде со репрезентацијата, а дали ќе настапи против Турција ќе биде познато пред самата средба.