Рома се намачи за трите бода против Лече

79

Фаворизираната Рома многу потешко од очекувањата славеше над Лече во последниот вечерашен меч од Серија А. „Волчицата“ на домашен терен победи со 2:1 во меч во кој имаа и доста среќа за трите бода.

Мечот започна добро за домашните, кои веќе во шестата минута имаа предност од 1:0. Пелегрини асистираше, а Смолинг и донесе водство на Рома.

Сепак, шокот за Рома се случи во 39. минута од натпреварот. Умтити забележа асистенција, а Стрефеца го постигна израмнувачкиот гол.

Одлуката за победата падна во 48. минута, кога домашните добија пенал, а Дибала го претвори во водство и победа од 2:1.

ПретходноПаје постави неверојатен рекорд во Лига 1
СледноПедри ја продолжи победничката низа на Барселона (ВИДЕО)