Роналдо го постигна својот 700. клупски гол во кариерата (ВИДЕО)

170

Кристијано Роналдо вечерва го постигна својот 700. клупски гол. На гостувањето кај Евертон, Португалецот повторно почна од клупата на Манчестер Ј. но доби шанса во 29. минута како замена за повредениот Марсијал, а во 44. минута погоди за предност на „ѓаволите“ од 2:1, со која се замина на полувреме.

Ова беше 144. гол на Португалецот за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања. 37-годишниот фудбалер има постигнато и 450 гола за Реал Мадрид , 101 за Јувентус и 5 за Спортинг.

 

ПретходноПитер Бош е минато за Лион, Лоран Блан ќе биде новиот тренер
СледноКлоп по поразот во Лондон: Требаше да биде нерешено, а и пеналот беше сомнителен