„Топчиите“ не го даваат првото место – и Ливерпул падна во северен Лондон (видео)

119

Одлично дерби зачинето со пет гола одиграа Арсенал и Ливерпул во 10. коло на Премиер лигата на „Емирати“, а домашниот тим победи со 3:2. Во 58 секунда „топчиите“ поведоа со голот на Габриел Мартинели, а во 34 минута на асистенција на Диаз изедначи Дарвин Нунез.
Кога се очекуваше судијата да свирне крај на првото полувреме, Мартинели го проигра Сака кој погоди за ново водство на Арсенал. Гостите од Ливерпул ја искористија својата прва шанса во второто полувреме и преку Роберто Фирмино изедначија на 2:2.
Голот на одлука падна во 76 минута кога по стартот на Жесус, судијата покажа пенал. Сака беше сигурен од белата точка за победа на Арсенал.

Арсенал има осум едноподруго победи на домашен терен во Премиер лигата.

Арсенал има осум едноподруго победи на домашен терен во Премиер лигата. Тие се лидери на табелата со 24 бода еден повеќе од второпласираниот Сити. Ливерпул е на 10. место.

ПретходноAнгеловски и во петтиот меч со Горица не успеа да дојде до првата победа
СледноНаполи триумфално со Кремонезе, Eлмас преседе на клупата (видео)