Раководството на Тотенхем ќе направи се што е во негова моќ да го задржи менаџерот Антонио Конте. Актуелниот договор на тренерот истекува на лето и клубот брза да го убеди да потпише нов. За таа цел, газдите се подготвени да му понудат огромна плата, пишува „Фудбал инсајдер“.
Конте моментално заработува околу 200.000 фунти неделно. Сепак, Тотенхем е подготвен да ги удвои неговите примања кои би се искачиле на 400 илјади фунти неделно. Тоа е речиси 20 милиони фунти по сезона.
Во Лондон се исклучително задоволни од Конте и неговата досегашна работа. Тој го презеде тимот во ноември 2021 година и минатата сезона го предводеше тимот до топ четири и учество во Лигата на шампионите.
Шефовите на Спарс брзаат да го „врзат“ италијанскиот тренер долгорочно, особено откако во последните недели се појавија гласини дека за него има интерес од неговиот поранешен клуб Јувентус, кој го бара како замена за Масимилијано Алегри.