Тренер доживеа срцев удар среде натпревар!

162

Морничави сцени се случија синоќа на натпреварот на колеџ фудбалскиот плејоф (НЦАА) помеѓу Мичиген и Индијана.

Помошникот на тренерот на Мичиген, Мајк Харт, доживеа мозочен удар на средината на натпреварот и итно беше префрлен во болница.

На Харт му се слошило на клупата. Набрзо станало јасно дека ситуацијата е сериозна и му била укажана прва помош на терен.

Според првичните информации состојба на 36-годишниот тренер е стабилна.

„Тој ќе остане во болница за понатамошна евалуација. Мајк е силно момче. Сите сме со него и тој ќе ја добие најдобрата можна нега. Неговото здравје е најважно во моментов“, рече тренерот на Мичиген, Џим Харбо.

 

 

ПретходноМакедонија со свои желби денеска во Франкфурт: Унгарија, Финска, Исланд, Гибралтар би била супер група!
СледноАлегри повторно со изговор: Престанавме да играме!