Чаирчани тргнаа со победа – го освоија Куманово

146

Кошаркарите на Чаир 2030 со победа тргнаа во дебитанската сезона во прволигашкото друштво, откако на гостувањето кај Куманово славеа со 87-79.

Стротер со 27 поени беше лидер кај победникот, зад него беше Мохамед со 18 поени, на другата страна Нацевски и Јузбашиќ запишаа по 18 поени.

По израмнета игра во првата четвртина 23-23, гостите одиграа многу подобро во следните десет минути, кои ги добија со 15-21 за плус шест (38-44) на одморот. Во овој дел тимот на Чаир направи серија од 15-0.

Во продолжение Куманово израмнија на 44-44, но одново ја изгубија контролата. Мотивираниот Чаир беше цврсто решен дебито да го круниса со триумф, на средината на третата четвртина позитивата беше двоцифрена 54-65.

На нецели три минути до крајот со поените на Јузбашиќ домашниот тим намали на 74-76, по што следеше одговор од пет поени во низа и отворен пат кон целиот плен.

ПретходноТалески: Покажавме дека можеме да го носиме товарот! Циклусот е нов, но целите се исти!
СледноУдинезе стигна до реми иако губеше со 0:2, Монца врза три победи без примен гол (видео)