Ѓоковиќ најдобар во Астана, стигна до 90. трофеј во кариерата

105

Новак Ѓоковиќ е победник на АТП турнирот во Астана, Казахстан. Тој денеска во финалето беше подобар од  Стефанос Циципас со 2:0 по сетови 6:3, 6:4.

Србинот имаше контрола на мечот и резултатот цело време и во вистински момент направи брејк како во првиот така и во вториот сет.

Со овој триумф Ѓоковиќ дојде до 90. трофеј во својата професионална кариера, и уште еднаш потврди дека иако во моментов според бодовите на АТП листата е седми тенисер на светот, секако дека станува збор за најдобриот во моментов, а можеби и на сите времиња.

 

ПретходноПетров и Митревски последни во стројот!
СледноМладинец на Хајдук погоди од преку 60 метри (ВИДЕО)