Трката за Големата награда на Јапонија на легендарната Сузука беше прекината поради невреме по првиот круг. Црвеното знаме се појави на патеката и беше закажан нов старт, но дождот продолжи да врне силно и времето за старт на трката беше одложено.
Меѓутоа, организаторите на трката на познатата патека Сузука успеаја да направат огромен скандал бидејќи ја повторија грешката од 2014 година кога Французинот Жил Бјанки имаше тешка несреќа поради нивно невнимание.
Додека возачите кружеа по патеката, со исклучително тешка видливост, организаторите повторно испратија камион на патеката и предизвикаа бес кај сите.
Пјер Гасли беше оправдано навреден. Едвај го виде тракторот на патеката и за среќа на крајот се помина без несреќа. Гасли реагираше брзо и го искажа својот револт преку тимското радио, при што посочи дека можел многу лесно да заврши директно во тракторот.
Here is the video of Pierre Gasly with the tractor on the track.
He has every right to be upset. #JapaneseGP
— Lukas Weese (@Weesesports) October 9, 2022