А. Пандев е убедливо најнепријатното изненадување во изминатите десет кола од стартот на новата сезона. Тимот кој беше граден и има сила и квалитет да се бори најмалку за Европа, сега е на делба на претпоследната позиција на табелата заедно со Победа, а пред Скопје.
Девет меча, само две победи, едно реми и дури шест порази, од кои четири во низа. По онаа бламажа од Струга ТЛ тогашниот тренер Ѓорѓе Стојчев си поднесе оствака, на негово место дојде Александар Васоски. Тренерот кој веќе беше стратег на “пандевци“ и од него се очекуваша да ја дигне екипата.
Но Васоски не ја дигна, напротив. Тимот со Васоски на клупата има три порази во серија, односно Васоски има три од три во негативна конотација и тоа два на свој терен порази.
Прво со Тиквеш на гости загуби со 1:2, потоа дома од Македонија ЃП со 0:1 и еве денеска од Шкупи со 0:1.
Зарем Академија Пандев сезонава ќе се бори и тоа жестоко ќе се бори за опстанок? А како тргнала веројатно и тоа ќе биде.