Икер ја разреши дилемата околу „мистериозниот Твит“

1066

„Се надевам дека ќе ме респектирате: Јас сум ГЕЈ“, осамна како статус на профилот на Икер Касиљас на Твитер. Тоа ги збуни неговите следбеници, а поранешниот играч на Барселона Карлес Пујол дури реагираше на таквиот „твит“ на својот пријател со порака: „време е да кажеш за нас, Икер“ со насмевка.
Но овие пораки беа тргнати од профилот на поранешниот голман на Реал и репрезентацијата на Шпанија. Тој објасни за што се работи.
„Мојот профил е хакиран. Сега се е во ред. Им се извинувам на сите мои следбеници. И исто така им се извинувам на ЛГБТ заедницата“, објасни Касиљас чиј „генериран твит“ доби неверојатни 200,000 лајкови за речиси еден час.

Casillas is fed up with the rumours: "I hope they respect me: I'm gay"

ПретходноМартинели погоди во 58 секунда, но тоа не е најбрзиот гол на дуелите меѓу Арсенал и Ливерпул (видео)
СледноПроблем за “пиратите“: Ефремов заврши во болница со скршен прст!