Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за пласман на ново Европско првенство. За разлика од годините наназад, овој пат составот ќе биде поинаков. Без Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, со неколку искусни имиња, Македонија ќе го брка своето место на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во 2024 година.
Нашите ракометари се во група со Луксембург, Турција и Португалија. Првите три селекции ќе го заверат својот европски билет.
Прв противник е Луксембург, мечот се игра на 12. овој месец во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба, четири дена подоцна Македонија е гостин на Турција во Ван.
Собирот е закажан во 14 часот во хотелот „Александар Палас“. Лазаров го скрати списокот, на истиот доминираат играчите кои настапуваат во домашниот шампионат (18), додека има само тројца ракометари настапуваат во странство.