Македонија со свои желби денеска во Франкфурт: Унгарија, Финска, Исланд, Гибралтар би била супер група!

360

Денеска во 12 часот во Франкфурт, ќе се одржи ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024 година во Германија. Нашата А- репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир, и сите со нетрпение ги чекаме вестите од Франкфурт.

Ќе има десет групи, седум со по пет репрезентации, а три со шест. Познато е дека првите две екипи од секоја група ќе изборат пласман на ЕВРО 2024 година.

Македонија посакува да се најде и на ова ЕВРО како што беше на минатото, но тоа да се случи ќе мора да има денеска и среќа во ждрепката.

Реално за нас супер група би била Унгарија, Финска, Исланд и Гибралтар. Реално е во таква група да се бориме за двете први места.

Ужасна група би била за нас ако се паднеме со Шпанија, Франција, Норвешка и Словачка.

Натпреварите ќе се играат од март до ноември следната година.

ШЕШИРИ

ШЕШИР-1:

-Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

ШЕШИР-2:

-Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

ШЕШИР-3:

-Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Ц. Гора, Романија, Шведска, Ерменија

ШЕШИР-4:

-Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови, МАКЕДОНИЈА

ШЕШИР-5:

-Словачка. С. Ирска,Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија,Молдавија, Малта

ШЕШИР-6:

-Андора, Сан Марино, Лихтенштајн

ПретходноУбави вести од Исланд: Ѓорче Петров го победи Кa Тор во реваншот и се пласира во следната фаза!
СледноТренер доживеа срцев удар среде натпревар!