Пиоли: Имавме правилен став и бевме поцврста екипа

117

Тренерот на Милан Стефано Пиоли има и тоа како голема причина да биде задоволен по успехот во вчерашното дерби со Јувентус и победата од 2:0. Тој ги пофали своите играчи за правилниот однос со кој пристапија на натпреварот. Според него, „Росонерите“ биле поцврстиот тим во средниот ред и тоа им помогнало да ги освојат трите бода.

“Беше многу интензивен натпревар. Во првите 20 минути направивме премногу погрешни додавања. Рафа Леао треба повеќе да работи без топка, да помогне во одбраната и да се жртвува за тимот. Тој е блиску до она што го сакам, но таму има уште работа. Денеска игравме тимски, за жал во Лондон ја загубивме формата и бевме премногу загрижени за сопствените грешки и квалитетот на противникот. Знаеме дека кога работиме заедно добиваме позитивни резултати. Причината што не се претставивме добро во Лондон е тоа што не бевме доволно агресивни, направивме премногу грешки без да не притисне Челзи. Денешниот натпревар беше многу важен, како и секогаш помеѓу Милан и Јувентус. Затоа пристапивме со правилен став “, рече Пиоли по натпреварот со Јувентус.

 

ПретходноТотенхем му нуди огромна плата на Конте
СледноПекол за Македонија: Се паднавме во група со Италија, Англија, Украина…