Проблем за “пиратите“: Ефремов заврши во болница со скршен прст!

903

 

Попладнево на Автокоманда се одигра скопското дерби меѓу Скопје и Работнички. Многу борба, по некоја шанса на обете страни и на крајот реми без голови. Сепак имаше и непријатни ситуации како онаа кога беше повреден домашниот голман Андреја Ефремов, кој по судирот со гостинскиот играч Гандо Биала во таа 70.минута остана да лежи долу на теренот. Болните гримаси на Ефремов не наговестуваа ништо добро. И по добиената прва помош тој едноставно не беше фит па затоа беше пренесен во болница каде е дијагоностицирана скршеница на еден прст на левата рака. Секако дека откако Ефремов ја напушти играта место него влезе резервниот голман Петар Митев кој одлично си ја заврши работата и до крајот неговата мрежа не се затресе.

ФОТО: Андреја Ефремов ФБ

ПретходноИкер ја разреши дилемата околу „мистериозниот Твит“
Следно„Ладен туш“ по среќните вести: Феникс му го зеде скалпот на Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)