Покрај тоа што Македонија ја извлече најтешката група во квалификациите за следното Европско првенство во 2024 година, се извлекоа и останатите групи кои се мошне интересни и неизвесни.
За следното континентално натпреварување, кое патем ќе се одржи во Германија, европските репрезентации ќе мора да минат сериозен квалификациски циклус.
Па така, покрај групата Ц во која е Македонија, заедно со Англија, Италија, Украина и Малта, за нас интересна ќе биде и групата во која се Србија, Црна Гора, Бугарија, Унгарија и Литванија.
Во групата Б да речеме, фаворитите Франција односно Холандија ќе се борат за првото место, додека во тоа ќе им посметаат Ирска, Грција и Гибралтар. Групата Ф исто така е многу неизвесна со членки како Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан и Естонија.
ГРУПА А: Шпанија, Шкотска, Норвешка, Грузија, Кипар
ГРУПА Б: Холандија, Франција, Ирска, Грција, Гибралтар
ГРУПА Ц: Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта
ГРУПА Д: Хрватска, Велс, Ерменија, Турција, Летонија
ГРУПА Е: Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови, Молдавија
ГРУПА Ф: Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан, Естонија
ГРУПА Г: Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Литванија
ГРУПА Х: Данска, Финска, Словенија, Казахстан, Северна Ирска, Сан Марино
ГРУПА И: Швајцарија, Израел, Романија, Косово, Белорусија, Андора
ГРУПА Ј: Португалија, БиХ, Исланд, Луксембург, Словачка, Лихтенштајн