Шокантни вести доаѓаат од Премиерлигата, од тимот на Брајтон. Имено фудбалерот на овој клуб, Енок Мвепу кој е од Замбија, поради срцеви проблеми ќе мора да се пензионира. Мвепу досега беше стартер на Брајтон, ја оствари својата животна желба да игра во најсилната лига во светот, но за жал не смее веќе да игра фудбал.
Инаку срцевата болест тој ја наследил од блиски во неговото семејство.










