Играчите и стручниот штаб на ФК Скопје: Јавно извинување упатено кон управата на клубот

1749

ФК Скопје периодов мина низ еден доста турбулентен период. Прволигашот од Автокоманда во своето функционирање имал секакви епизоди од кои секогаш излегувал уште посилен и подетерминиран да успее во својата намера да стане стабилен прволигаш.

Во последните две недели ФК Скопје имаше проблеми кои мораше да ги реши, и среќа за самиот клуб, играчите и стручниот штаб што истите се случија за време на репрезентативната пауза. Па така, сега, откако на Автокоманда, „топката е смирена“ следува и јавно извинување од страна на играчите и стручниот штаб до управата на клубот.

„Играчите и стручниот штаб му се извинуваат јавно на прерседателот на ФК Скопје, Игор Тодоровски и спортскиот директор Иван Матевски, како и на навивачката група Пирати, за проблемите настанати во изминатите две недели односно за време ан репрезенаттивната пауза. Проблемите се решени, и се минато, и продолжуваме да работиме напорно и посветено за да излеземе од оваа криза“ – велат играчите и стручниот штаб на ФК Скопје.

ПретходноПСЖ и вечерва без Меси
СледноРасел најдобар во второто коло од АБА лигата