Јувентус се посрамоти на гостувањето кај Макаби Хаифа и изгуби со 2:0 што е уште еден лош резултат на поранешниот италијански шампион сезонава. Јуве има само три бода по 4.кола во групата од ЛШ и му се заканува елиминација.
Тренерот Макс Алегри е соочен со голем притисок од јавноста поради лошите резултати но засега тој не попушта.
„Тешко е да се објасни, можеме само да молчиме, бидејќи тоа не беше добар настап. Мораме да излеземе од оваа ситуација и тоа што побргу. Утре се враќаме во Торино и остануваме на тренинг комплексот до дербито.
Ова не е техничко или тактички прашање, на овој тим му недостасува срце и страст. Играме премногу како поединци, а не како тим со храброст и глад“, изјави Алегри за Sky Sport Italia.
Во меѓувреме газдата Ањели изјави дека Алегри е и останува тренер на Јувентус, а исто така го искритикува тимот поради катастрофалниот настап во Хаифа.