Дански новинар го збуни Гвардиола (ВИДЕО)

221

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва му гостуваат на Копенхаген во рамките на четвртото коло во Лигата на шампиони.

Премиер-лигашот пред шест дена на свој терен убедливо го победи данскиот клуб со 5-0, сега одново ќе ги одмери силите. Сити допатува во Данска и вчера го одработи последниот тренинг и секако ја одржа задолжителната прес-конференција.

Пред да се обрати Пеп Гвардиола, еден од новинарите беше импресиониран од неговото присуство, не чекаше да заврши прес-конференцијата, побара од предвоникот на Сити да направат селфи.

Гвардиола на почетокот беше збунет, не знаше што се бара од него. Иако според правилата не треба да се прават селфиња кога веќе се вклучени камерите во живо, сепак одлучи да му ја исполни желбата на данскиот новинар.

Ова видео брзо се рашири на социјалните мрежи, имаше различни реакиции…

Претходно11 Октомври 2016: Кога Македонија беше чудо и славеше лудо! (ФОТО)
СледноЛШ: Ристовски и Адеми против Салцбург, дербито на вечерта е на „Сан Сиро“!