ЕУРО 2022: Франција без поранешните вардарки во Скопје!

123

Франција, еден од противниците на македонската женска ракометната репрезентација на Европското првенство кое за помалку од еден месец ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора го објави списокот.

Селекторот Оливие Крумболц во Скопје ќе допатува без поранешните ракометарки на ЖРК Вардар, Алисон Пино и Александра Лакрабер. Двете се најдоа во поширокиот список, но не и во 20-те имиња кои ќе се подготвуваат за ЕУРО 2022.

Франција и Македонија ќе ги одмерат сите на 5. ноември. Во групата Ц се уште Романија и Холандија.

ПретходноИбрахимовиќ се најави на „Тик Ток“ ги урна сите рекорди (ВИДЕО)
СледноФранцузите тврдат: Килијан Мбапе завршил со ПСЖ!