Ракометарките на ЖРК Куманово и дефинитивно го завршија својот настап во ЕХФ Купот. Откако вчера во првиот меч во Израел кај Макаби Аразим загуби со минимални 25-26, денеска тие се поразени и тоа повеќе од убедливи 23-43.
Па така овој пораз значеше и крај на европската одисеја за нашиот клуб.
Инаку во текот на целиот меч домашниот состав бил подобар, далеку подобар од вчерашното издание, како што течел мечот разликата се зголемувала, па така на крајот Макаби Аразим победи со 20 голови разлика.