„Земјотрес“ во Париз: Покрај Мбапе во јануари си оди и спортскиот директор!

549

Невиден хаос се случува во таборот на ПСЖ. Се беше идеално до пред некој ден, барем така изгледаше, но сега се “пука“ во ПСЖ, по сите шавови. И затоа виновен е само Килијан Мбапе, кој веќе побарал раскин на договорот.

Како опција, барем според “Марка“ не е Реал Мадрид, туку Ливерпул, но и уште некои клубови од Премиерлигата.

Попладнево за овој “земјотрес“ во Париз пишува и анализира шпанската Марка, која посочува дека ПСЖ сега е во тотална конфузија. И не е толкав проблемот што Мбапе ќе си оди, туку дека и тие самите не знаат колкава отшетата да побараат за својата прва ѕвезда. Се споменува најмалку 100 милиони евра, но тоа е премалку ако се знае дека Мбапе во јули си се исценка за специјалн бонус од 140 милиони евра.

Според некои очекувања ПСЖ од целата оваа игра би загубил околу 300 милиони евра што и за пребогатите шеици од Катар не е баш така мала сума.

Како врв на се ова дојде веста од Париз дека во јануари покрај Мбапе има намера да си оди и новиот спортски директор Луис Кампош. Тој дојде на голема врата ова лето на местото на Леонардо, требаше да биде архитектот на ПСЖ, на новиот ПСЖ кој ќе ја освои Лигата на Шампионите. Но откако видел дека Мбапе навистина има намера да си оди од “Паркот на принцовите“ им рекол на газдите од Катар дека тој нема веќе што да бара во ПСЖ.

Значи вистински хаос се случува во Париз.

ПретходноЈоаким Лев го превзема гигантот во криза?
СледноКаква “БОМБА“: Мбапе утре во посета на Мадрид! Ливерпул и Сити на готовс!