Реал Мадрид ќе го има на располагање својот прв голман за следниот викенд кога е на програмата големото дерби на Шпанија популарното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Белгиецот имаше мали проблеми но како што самиот тренер на Мадрид, Карло Анчелоти изјави тој во четврток ќе почне да тренира и ќе биде подготвен.
„Играчите мразат ротации, но кога се на терен даваат се од себе. Може да се лутиш колку сакаш на тренерот но на Карло Анчелоти како личност немаш право тоа да го правиш. Ќе видиме кој ќе стартува во Лигата на Шампионите, а кој во Ел Класико. Винициус игра многу ќе одлучам дополнително за него дали ќе стартува против Шахтјор. Бензема паузираше, тој е дефинитивно „ин“, а Куртоа ќе тренира дури вчетврток. Ќе биде подготвен за Ел Класико“ – изјави Анчелоти.