Романија не сака да игра против Косово, подготвена е да загуби службено?

333

Романија за пласман на Европското првенство 2024 година ќе се бори против Швајцарија, Израел, Косово, Белорусија и Андора. По ждрепката се појави голем проблем, Романците не го признаваат Косово.

„Имајќи ја во предвид геополитичката ситуација, ќе се консултираме со романската влада околу условите во кои нашата земја ќе го пречека Косово“, велат од романската фудбалска федерација за поратлот ГСП.

Поранешниот романски министер за надворешни работи Теодор Мелескану рече дека натпреварот не треба да се игра.

„Косово не е признаено од голем број земји, вклучително и ние. Никогаш не сме ја признале независноста на Косово. Се разбира, нашата фудбалска асоцијација треба да разговара со други земји кои имаат ист став како Романија и да излезе со метод кој не треба да го уништи целиот систем“, рече тој.

Страв од исфрлање од УЕФА
„Мора да се почитуваат работите кои се многу јасни од наша гледна точка. Затоа би додал дека нашата федерација ќе мора да најде решенија. Ако не, тогаш она што може да се направи е да загубиме со службен резултат 3:0“.

Романците додаваат дека неприсуството на мечот со Косово од политички причини би довело до нивно исклучување од УЕФА

ПретходноСо Јаневски се вратија и победите на АЕЛ
СледноСтартуваа пингпонгарски лиги во Македонија!