Расел најдобар во второто коло од АБА лигата

80

Дерон Расел е прогласен за МВП на второто коло од новата АБА лига сезона и тоа со причина. Играчот на Морнар на дуелот против Задар постигна неверојатни 48 поени за 35 минути минати на терен. За одговорните немаше дилеми кого да прогласат за најдобар затоа што она што Расел го направи на овој дуел се граничи со фантазија.

Неговиот тим патем славеше со 100:91, и со многу елан и мотив ќе влезе во следниот меч.

 

ПретходноИграчите и стручниот штаб на ФК Скопје: Јавно извинување упатено кон управата на клубот
СледноСо Јаневски се вратија и победите на АЕЛ