Стартуваа пингпонгарски лиги во Македонија!

60
Минатиот викенд започнаа натпреварите од сите пингпонгарски лиги во Македонија. Во Прилеп се одигра првото коло од Женската лига каде што екипата на ППК Шампион Фа победи 4:0 против ППК Младост 96, а екипата на Берово оваа година засилена со странски играч ја победи екипата на ППК Крива Паланка со 4:1.
Во сала „Борис Трајковски“ во Скопје пак тргнаа мажите, во Супер и Прва лига. Се постигнаа следните резултати:
Прва лига 1-во коло.
СЦ Борис Трајковски -Скопје
Шуто Оризари-Берово 2   4-1
Вардар-Телеком Нец.        4-0
Дебар Маало-Радовиш.    1-4
Борец Тим-Пелагонија.     1-4
Кратово-Астраион.            0-4
Супер лига 1-во коло
СЦ Борис Трајковски
Резултати:
Рисови -Берово.                     4-2
Работнички-Шамоиони ФА 1-4
Кр.Паланка2007-Младост.   4-0
Телеком Нец2-Кочани           4-0
Кр.Планка – Младост96.        0-4 службено
Оваа година исто така се игра и јуниорска лига каде што има 12 машки и 6 женски тимови. Тие ги изиграа првите 2 кола од лигата и во водство е екипата на ППК Крива Паланка кај женските, ППК Куманово и ППК Младост кај машките.
ПретходноРоманија не сака да игра против Косово, подготвена е да загуби службено?
Следно11 Октомври 2016: Кога Македонија беше чудо и славеше лудо! (ФОТО)