Нашиот интернационален фудбалски судија, Игор Стојчевски денеска од 12:00 часот заедно со своите помошници Слаѓан Марковски и Даниел Василевски ќе ја дели правдата на мечот Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид кој се игра во рамките од младинската Лига на Шампиони.
Мечот од добро познати причини се игра во Варшава и ќе биде дуел кој директно ќе решава за првото место во групата.
Во моментов „Кралевите“ имаат седум бода од три меча, а украинскиот тим бод помалку.
Ова е уште еден меч за Стојчевски на интернационално ниво со кој уште еднаш покажува дека неговата кариера оди во нагорна линија и добива се потешки мечеви за арбитража.
Слаѓан Маровски
Василевски Даниел