Тотенхем преговара со Гугл за правата на името на стадионот

105

Тотенхем е во преговори со американската компанија „Гугл“ за мултимилионски договор за правата за именување на новиот стадион на Спарс, пренесува „Ди Атлетик“.

Веќе на отворањето на новиот стадион, претседателот на лондончани, Даниел Леви, најави дека го бара „вистинскиот бренд“ за да ја плати „вистинската сума“ за да ги купи правата на името на скапоцениот камен во главниот град на Англија. Според информациите преговорите помеѓу двата табора во моментов оделе доста напредно и дека наскоро можно е да има и договор. 

„Гугл“ како компанија веќе има инвестирано многу во спортот, пред се во Формула 1, заедно со тимот Мекларен, а потоа и во НБА лигата како и во професионалната безбол лига МЛБ.

Последниот голем фудбалски клуб што ги продаде правата за именување на својот стадион беше Барселона. Каталонците потпишаа договор со „Spotify“ според кој добиваат околу 90 милиони евра годишно.

 

ПретходноНов пех и повреда во редовите на Ливерпул
СледноСтојчевски денеска главен на Шахтјор – Реал Мадрид