УЕФА ќе исфрли една земја од квалификациите за ЕВРО 2024!?

909

Како што пишува “Атлетик“, УЕФА веќе ја разгледува опцијата како тоа репрезентацијата на Белорусија да биде исфрлена од квалификациите за ЕВРО 2024 година. Имено во неделата селекцијата на Белорусија на ждрепката во Франкфурт се падна во групата – И, заедно со Швајцарија, Израел, Романија, Косово и Андора.

Но поради најновите случувања во војната во Украина, Русија изврши агресија врз таа земја а деновиве и Белорусија преку својот претседател Лукашенко се закани дека исто така ќе изврши агресија врз Украина, УЕФА како и секоја нормална организација мора да реагира.

Атлетик“ пишува дека ако Белорусија ги оствари заканите и дека ако навистина се вклучи во агресијата врз Украина, тогаш репрезентацијата на таа земја може да се прости од играње во квалификациите за ЕВРО 2024.

ПретходноКаква “БОМБА“: Мбапе утре во посета на Мадрид! Ливерпул и Сити на готовс!
СледноБабунски: Победа ќе игра уште подобро, убаво е тоа што имаме најверна публика, ама…