У-15: Македонија одигра 2:2 со Србија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

666

Попладнево на теренот на ФФМ во Скопје, се одигра првата од двете пријателски средби меѓу Македонија и Србија, селекции до 15 години. Мечот заврши без победник, 2:2. Гостите од Србија поведоа со 0:1, за да Македонија со двата гола на Стефан Бранковски успеавме да го свртиме резултатот во наша корист, но сепак на крајот не успеавме да победиме.

За Македонија на овој меч настапија: Трајковски, Фејзуловски, Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Митановски. Во игра влегоа и Рочи, Стаматовски, Жута, Запончек, Каранфиловски, Бујароски, Нехтенин.

Ова беше одлична контрола за селекторот на нашата У-15 репрезентација Раде Каранфиловски да види со каков потенцијал располага оваа генерација.

Вториот пријателски меч со Србите ќе се одигра в четврто, исто на ФФМ, со почеток од 11 часот.No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

ПретходноФранцузите тврдат: Килијан Мбапе завршил со ПСЖ!
Следно„Ја мразам Севиља“: Невиден скандал поврзан со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија!