Шпанските медиуми пишуваат за невиден скандал кој е поврзан со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес, кој воедно е и прв човек на судиската организација во таа земја.
Имено тој преку пораки на својот татко, во пресрет на дуелот Реал Мадрид – Севиља одигран пред две години, му пишал дека не може да ја смисли Севиља, дека многу ја мрази како клуб.
„Да видиме дали ќе се решиме од овие севиљисти. Ги мразам, тие ми се најомразен клуб“ пишал Рубиалес.
Да потсетиме на тој меч Реал победи со 2:1 но гостите се бунеа поради.
Инаку тој напишал дека покрај Севиља ги мрази и Валенсија и Виљареал.
Оваа конверзација се открила деновиве, и веднаш имало лавина од негодувања.
Па така денеска трите клубови со заедничко соопштение до јавноста реагирале по се ова што се случува со Рубиалес.