Екипата на Јувентус повторно се посрамоти, овојпат во дуелот со најслабата екипа во Лигата на шампионите Макаби Хаифа. „Старата дама“ изгуби на ова гостување со 2:0 поради што се најде во ситуација да испадне од натпреварувањето.
По четири кола Јувентус има само една победа и дури три порази. Од друга страна Макаби ја запиша својата прва победа во групата (прва во ЛШ после 2002 година) во која се уште ПСЖ и Бенфика.
Јуве ја победи Макаби со 3:1 на свој терен на првиот меч, а сега тотално се распадна во Хаифа. „Старата дама“ одигра катастрофално прво полувреме, прими два гола, а плус го загуби Ди Марија кој се повреди.
Двата гола ги постигна Омер Ацили во 7. и 42. минута. Во вториот дел поранешниот италијански шампион заигра подобро создаде и шанси но не реализира ниту една.
Maccabi Haifa [1] – 0 Juventus – Omer Atzili 7′
Oct 11, 2022
Maccabi Haifa [2] – 0 Juventus – Omer Atzili great strike 42′
Oct 12, 2022