Голгетери во ПМФЛ: Ибраими, Нгоба, Дориев…а Сандеј уште го чека првиот гол сезонава!

519

Минаа 10 кола од тековната сезона во ПМФЛ, уште малку па речиси 1/3. Познато е дека лидер е Струга Трим Лум со 25 бодови, на делба на второто место се Шкендија и Тиквеш со по 16 бодови…

Имаше пријатни (Струга ТЛ, Тиквеш, Силекс) но и крајно непријатни изненадување (А.Пандев и Македонија ЃП), но кога станува збор за головите, односно голгетерите, Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, човекот кој дури четирипати бил прв “бомбардер“, со седумте голови постигнати за Струга ТЛ ја оправдува фаворитската улога за прв стрелец и сезонава.

Сепак нема да му биде лесно. Веднаш зад него со 6 голови е Анаел Барга Нгоба, напаѓачот на Тиквеш. Не смее да се отпише и репрезентативецот Љупче Дориев кој за Шкендија досега постигнал 4 голови.

Се чини според формата и тоа како играат нивните екипи, овие тројца ќе водат главен збор околу тоа кој оваа сезона ќе биде бр.1 во поглед на головите.

Секако дека се можни изненадувања.

Некој ќе праша а каде е Сандеј Адетунџи? Првиот стрелец за минатата сезона. Е, па Сандеј оваа сезона, во изминатите 10 кола ниту еднаш, ниту еднаш не успеал да погоди за Шкупи.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

7 – Б. Ибраими (Струга ТЛ)

6 – Б. Нгоба (Тиквеш)

4 – Љ. Дориев (Шкендија)

И. Ивановски (Тиквеш)

Цефас Реналдо (Шкупи)

Б. Шабани (Струга ТЛ)

3 – К. Велкоски (Работнички)

В. Крстевски (А. Пандев)

А. Љамалари (Силекс)

Ф. Обадовиќ (Силекс)

А. Рушевиќ (Работнички)

Претходно„Ја мразам Севиља“: Невиден скандал поврзан со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија!
СледноЈоаким Лев го превзема гигантот во криза?