Франција, еден од противниците на македонската женска ракометната репрезентација на Европското првенство кое за помалку од еден месец ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора го објави списокот.
Селекторот Оливие Крумболц во Скопје ќе допатува без поранешните ракометарки на ЖРК Вардар, Алисон Пино и Александра Лакрабер. Двете се најдоа во поширокиот список, но не и во 20-те имиња кои ќе се подготвуваат за ЕУРО 2022.
Франција и Македонија ќе ги одмерат сите на 5. ноември. Во групата Ц се уште Романија и Холандија.