ФК Скопје периодов мина низ еден доста турбулентен период. Прволигашот од Автокоманда во своето функционирање имал секакви епизоди од кои секогаш излегувал уште посилен и подетерминиран да успее во својата намера да стане стабилен прволигаш.
Во последните две недели ФК Скопје имаше проблеми кои мораше да ги реши, и среќа за самиот клуб, играчите и стручниот штаб што истите се случија за време на репрезентативната пауза. Па така, сега, откако на Автокоманда, „топката е смирена“ следува и јавно извинување од страна на играчите и стручниот штаб до управата на клубот.
„Играчите и стручниот штаб му се извинуваат јавно на прерседателот на ФК Скопје, Игор Тодоровски и спортскиот директор Иван Матевски, како и на навивачката група Пирати, за проблемите настанати во изминатите две недели односно за време ан репрезенаттивната пауза. Проблемите се решени, и се минато, и продолжуваме да работиме напорно и посветено за да излеземе од оваа криза“ – велат играчите и стручниот штаб на ФК Скопје.