ЛШ: Ристовски и Адеми против Салцбург, дербито на вечерта е на „Сан Сиро“!

89

Вечерва со осум натпревари, во групите Е, Ф, Г и Х, продолжуваат возбудувањат во УЕФА Лигата на Шампионите. За нас најинтересно би требало да биде да видиме како ќе одиграат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми и тоа во дресот на Динамо Загреб против Салцбург. Мечот започнува од 21 часот а се игра на распродадениот “Максимир“ во Загреб. На “модрите“ им треба победа.

Секако дека дербито на вечерта се игра на „Сан Сиро“ каде силите ќе го одмерат гигантите Милан и Челзи.

Фудбалскиот свет е во очекување на тоа колку голови ќе постигне Ерлинг Халанд на гостувањето кај Копенхаген. Реал Мадрид му гостува на Шахтјар.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од вечерашните мечеви.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 4.КОЛО

ГРУПА-Е

Милан – Челзи (21:00)

Динамо Загреб – Салцбург (21:00)

ГРУПА-Ф

Селтик – Лајпциг (21:00)

Шахтјар – Реал Мадрид (21:00)

ГРУПА-Г

Дортмунд – Севилја (21:00)

Копенхаген – Манчестер Сити (18:45)

ГРУПА-Х

Макаби Хаифа – Јувентус (18:45)

ПСЖ – Бенфика (21:00)

ПретходноДански новинар го збуни Гвардиола (ВИДЕО)
СледноИбрахимовиќ се најави на „Тик Ток“ ги урна сите рекорди (ВИДЕО)