Шампионот на Франција вечерва игра со Бенфика, се очекува да дојде до победа по нерешените 1-1 пред една недела.
Француските медиуми пред мечот лансираат приказна за незадоволството на Килијан Мбапе, кој во мај ја продолжи верноста кон клубот до 2025 година. Во преговорите учествуваше и самиот претседател на Франција, Емануел Макрон, учествуваше во убедувањето фудбалерот да остане во ПСЖ.
Сепак, оваа сезона Мбапе покажа поинакво лице.
Бројките се уште постојат, Мбапе на 12 одиграни натпревари постигна 11 гола, но во неколку наврати се судри со соиграчите, најмногу со Нејмар, кој пак добро соработува со Меси. Аргентинецот повторно игра на добро ниво, истото важи за Нејмар (14 натпревари, 11 голови и 9 асистенции). Се чини овој тандем се заканува на Мбапе, кој доби голема слобода во фрнацускиот тим.
Според најновите информации, Мбапе шири негативна енергија, не е задоволен и размислува да замине уште во јануари, секако доколку дојде вистинска понуда.
“Тој е толку негативно расположен што и самиот вели дека ќе го напушти ПСЖ во јануари, доколку се покаже вистинската понуда. Во секој случај, крајот на сезоната значи заминување. Доста му е од се”, пренесуваат француските медиуми.
Тоа би предизвикало големи промени на фудбалската карта на Европа. Реал Мадрид е поставен како прв фаворит доколку Мбапе реши да си замине, но не треба да се исклучат ниту богатите премиерлигаши.