Еден од најуспешните тренери во историјата на германската репрезентација, Јоаким Лев го водеше „панцерите“ цели 15 години пред да ја напушти таа позиција минатата година.
Сепак, по речиси една ипол година пауза би можел повторно да стане клупски тренер.
Германски „Скај“ пренесува дека Лев е главен кандидат за нов тренер на Штутгарт откако „швабите“ го отпуштија Пелегрино Матарацо поради лошите резултати.
Не би било првпат Лев да го води Штутгарт од клупата, тоа го направи како главен тренер во периодот од 1996 до 1998 година, додека претходно беше во стручниот штаб.
Интересно, Лев помина дел од својата играчка кариера во тој клуб во сезоната 1980-81.
Покрај поранешниот селектор на Германија, во игра се уште неколку интересни и гласни имиња: Доменико Тедеско, Ади Хитер, Себастијан Хенес, Херардо Сеоане и Питер Бош.