Кизиќ: За нас допрва следуваат вистинските предизвици

138

Вториот голман на нашата ракометна репрезентација, Марко Кизиќ имаше одличен втор дел на голот на нашиот тим на денешниот дуел со Луксембург. Шест успешни интервенции со кои се надополни со одличната голманска работа која ја завршија со Никола Митревски.

За денешниот меч со Луксембург и следните предзвици во групата, Кизиќ вели:

„Можеби не очекувавме вака убедлива победа, но секако дека бевме подготвени за победа. За нас допрва следуваат вистинските предизвици на дуелите со Турција и Португалија. Но, ние веруваме во нас и во нашиот квалитет. Ова е нова репрезентација, секако недостасуваат оние поискусните, но се навикнуваме. Оваа селекција има навистина квалитетни играчи“.

ПретходноТалески по убедливата победа: Во Турција одиме со „ладни глави“
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дембеле за водство на Барса, Ливерпул прими гол, па израмни во Шкотска (ВИДЕО)