Кошарката продолжува по старо: Второто коло – развлечено во седум дена!

202

Во домашниот кошаркарски шампионат е најтешко да се фати некој ред на одигрување на натпреварите. Едно коло е може да биде комплетирано дури по седум дена, што пак не е случај во другите спортови. Никогаш не се најде вистинска формула, како да се одиграат мечевите во најкус можен рок и покрај обврските на дел од екипите во лигите надвор од Македонија.

Второто коло од Првата лига почнува утре (13.10), а завршува дури на 19 октормври. Покрај МЗТ Скопје кој почна со натпреварите во АБА-лига, од 17. октомври во понискиот ранг, поточно во АБА2-лига, стартуваат обврските за ТФТ и Пелистер, кои на отварањето ќе ги одмерат силите.

Па токму затоа, второто коло ќе биде развлечено во седум дена, што пак губи драж…

Утре ТФТ ќе биде гостин на Чаир 2030 кој приреди изненадување во дебито меѓу прволигашите, беше подобар од Куманово на гости. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија ќе ја бара првата победа по поразот од МЗТ Скопје.

Последни второто коло ќе го затворат МЗТ Скопје и Гостивар, мечот се игра на 19 октомври.

 

ПретходноЛазаров одбра за Луксембург: Дефинитивно без Манасков, но и Томовски!
Следно„Corriere dello Sport“: Бесниот Мурињо имаше испад во соблекувалната!