Во извонредно возбудливото прво полувреме на натпреварите од 4. коло во Лигата на шампионите, вечерва нема меч на кој не се затресе мрежата. На мечот кој е во фокусот на фудбалската јавност, Барселона успеа да поведе против Интер со голот на Дембеле и да замине на пауза со минимална предност од 1:0.
Ливерпул има само 1:1 кај Ренџерс. Домаќините први погодија преку Арфилд за 1:0, а Ливерпул се врати со голот на Фирмино за 1:1.
Тотенхем со пресврт води на полувреме против Ајнтрахт (Ф) со 3:1. Германците изненадувачки поведоа во 14. минута преку Камада, но лондончани до 28. минута веќе имаа предност од 3:1 со двата гола на Сон и еден на Хари Кејн од пенал.
Баерн (М) и денеска доминира против Викторија Плзен и има предност од 4:0 на пауза. Гостите водат и во Леверкузен и во Лисабон. Порто има 1:0 против Баер (Л), додека Олимпик (М) на полувреме води со 2:0 кај Спортинг (Л).