Поранешниот шампион на Австралија опен вониорска конкуренција Џош Ворд-Хиберт синоќа дебитираше во кошаркарскиот Еврокуп во дресот на Лондон лајонс. Ворд-Хиберт ја освои титулата на престижниот тениски турнир во јуниорска конкуренција, но во 2016 година се откажа од тенисот и почна да игра кошарка.
Стана професионален кошаркар, а во дресот на Лондон лајонс дебитираше во Еврокупот против Хапоел Тел Авив.
„Поминав убаво време играјќи тенис, сега не жалам за изборот. Стекнав пријатели, научив многу за спортот и за себе. За жал не излезе онака како што сакав, меѓутоа благодарем сум на искуството. Кога не играв тенис, играв кошарка и обратно. Доаѓањето во Лондон е убаво искуство за мене и благословен сум што играм кошарка“, изави Ворд-Хиберт.