Перез во јануари ќе го „избрка“ Еден Азар?

281

Реал Мадрид може и без пари да се раздели со играчот од средниот ред Еден Азар, пренесува „Ел Национал“. Претседателот на клубот Флорентино Перез е подготвен да му го раскине договорот на 31-годишниот Белгиец за да го олесни платниот список.

Раководството на Реал Мадрид донело ваква одлука поради односот на Азар кон тренажниот процес. Договорот на Еден истекува во летото 2024 година, но нема да биде чудно тој да го напушти „Бернабеу“ уште оваа зима или по завршувањето на сезоната. Реал Мадрид го ангажираше од Челзи во 2019 година за 115 милиони евра.

Тој оваа сезона има 5 настапи на кои постигна еден гол и имаше една асистенција.

ПретходноВидовме „нова“ Македонија – гладна“ за голови и докажување (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЦела скандинавија сака да биде домаќин на ЕП во фудбал за жени