Страшен почеток: Новата Македонија го „прегази“ Луксембург со 14 гола разлика

290

Македонската ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, откако на домашен терен го совлада Луксембург со убедливи 38-24 (18-7).

Ова беше прв меч од новата ера, со составот на „црвено-жолтите“ во иднина нема да ги гледаме Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски. На оваа средба селекторот не сметаше ниту на Дејан Манасков, кој е под знак прашалник и за мечот против Турција.

Митревски мечот го заврши со осум одбрани, Кизиќ запиша шест, двајцата поделија по една полувреме. Од вкупно 16 ракометари, дури 13 се запишаа во листата на стрелци. Лидери беа Филип Кузмановски, Цветан Кузманоски и Мартин Серафимов беа лидери со по пет погодоци.

Младите сили, покрепени со неколку искусни имиња покажаа дека се гладни за докажување, мотивирани влегоа на средбата, која пак ја реши за 30 минути. Македонија поведе со 3-0, на другата страна противникот после 3:40 минути игра го постигна првиот погодок, откако нашите момци не искористија да зголемат на плус четири.

Гостите до голот доаѓаа благодарение на грешките на „црвено-жолтите“, кои пак предводени од Никола Митревски, кој нанижа пет одбрани (една од седум метри), поведоа со 16-4 во 24 минута. Македонија направи серија од 10-0, а противникот речиси 12 минути беше без постигнат гол.

После долго време, Луксембург успеа да постигне гол за 16-5, но истиот веќе ништо не значеше. На одморот резултатот е 18-7.

Веднаш во вториот дел, Талески со погодок зголеми на 19-7, вторпат на средбата. Со оглед на тоа дека Македонија во недела ја чека потешка задача, Митревски, кој во првото полувреме запиша осум одбрани беше повлечен на негово место застана Марко Кизиќ.

Избраниците на Кирил Лазаров не застанаа, продолжија во исто темпо, без проблем го полнеа голот на противникот. Филип Кузмановски во 45 минута зголеми на плус 13 (29-16).

По оваа средба продолжи трендот на непобедливост на домашен терен, последен пат ракометарите беа поразени во 2015 година од Франција. Од оваа средба нанижаа 15 меча без пораз, еден од нив е реми, останатите се победи.

Македонија втората победа во овие квалификации ќе ја бара на гостувањето кај Турција во Ван, дуелот е закажан за во недела, доволно време за одмор и подготовка на мечот.

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 38-24 (18-7)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Андреј Буџак и Михал Захрадник од Словачка. Делегат: Тихомир Кахуниќ од Хрватска
Македонија: Митревски (8 одб+ 1 сед), Кизиќ (6 одб), Кузманоски 5, Ѓоргиев 4, Талески 3, Маркоски, Ф. Кузмановски 5, Костески 2, Георгиевски 2, Пешевски 3, Јагуриноски 1, Џонов 1, Стојковиќ 3, Петар Атанасијевиќ 1, Серафимов 5, Павле Атанасијевиќ 2
Седмерци: 1/4 Исклучувања: 4 мин
Луксембург: Огер, Тривиќ 2, Крир, Гуден 1, Илиќ 2, Вејер 5, Шустер, Вирц 3, Ширд 1, Растодер, Тиронцели 1, Кајсен 1, Биел, Хофман 4, Вердел 4, Херман
Седмерци: 3/4 Исклучувања:  6 мин.

ПретходноЈовановски и Кожуф се разделија спогодбено
СледноЛШ: Наполи и Бриж заверија осминафинале, Атлетико (М) во шок (ВИДЕО)