Со гол во последните секунди на мечот, Македонија успеа да извлече голем бод на домашен терен во мечот со Италија од 2. коло во квалификациите за СП во футсал. Во СЦ „Јане Сандански“, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа 3:3 против Италија и дојдоа до првиот бод, откако пред неколку дена на гостувањето против Шведска беа поразени со 5:2.
Головите за Македонија вечерва ги постигнаа Рамадани, Де Соуза и Крстевски, додека за Италија два гола постигна Мота, а еден беше дело на Ло Сисеро. Треба да се напомене дека Италија водеше со 3:1, но нашите момци се созедоа во финишот и успеаја да погодат двапати за реми.