Малиот град Брине во Норвешка со популација од околу 12,000 жители за некоја години веројатно ќе го даде новиот голгетер на европскиот фудбал, Алберт Браут Тјаланд кој е братучед на попознатиот Ерлинг Халанд.
Халанд се прослави во Борусија Дортмунд, а го крена своето ниво на популарност во Премиер лигата. Во првите 9 меча за Сити постигна 15 гола (9 во Премиерлигата и пет во ЛШ).
А Тјаланд има 18 години, а веќе „растура“ во норвешките младински лиги. Тој како и Халанд ја почнал кариерата во Брине, а покрај тоа што имал 11 години бил префрлен во тимот до 13 години.
Тој во 2021 година потпишал за Молде (исто како и Халанд), но е вратен на позајмица во Брине. До сега има 64 гола на 37 натпревари. Ако продолжи со ова темпо и тој ќе блесне во дресот на некој голем клуб во некоја силна лига.
HAALAND COUSIN🔥🔥🔥pic.twitter.com/OvxoUzkT2X
— THEO❤️🖤😎🥇🏆✨👑 (@rafa_zlatan) October 9, 2022